Левица: Ќе ставиме крај на диктатурата на широката коалиција

Од:

Пред свршен чин, кога станува јасно дека сите политички партии на олигархијата ДПМНЕ-СДС-ДУИ дејствуваат координирано и останатите партии во Собранието учествуваат во орото кое тие им го свират, кога стана јасно дека во институциите преку Левица е претставена народната воља која се попречува на владеењето на овие бизнис-партии – со вчерашното носење на новиот Деловник во Собранието се формализираше диктатурата на широката коалиција, велат од Левица.

„Овој режим на СДС-ДПМНЕ-ДУИ, кој ги уништи сите аспекти од општествениот живот и ја турна Македонија да робува на секакви бизнис зделки и великодржавни апетити – кој ги аболицираше функционерските криминали и го пороби обичниот народ, за олигарсите од раководствата на партиите да владеат непречено и да се богатат, сега веќе и со интервенции во правниот и политички систем на Република Македонија го задава последниот удар врз привидот за слобода и владеење на народот.

Македонскиот народ, под деценискиот притисок на овие човекојадци од СДС-ДУИ-ДПМНЕ го пронајде во своите редови оружјето со кое ќе се одбрани од оваа ламја со три глави – преку партијата на народните маси Левица, во антифашистички и народен фронт спремен за финална пресметка. Сите велепредавници кои ја овозможуваат и ја продлабочуваат диктатурата на анти-македонската политичка олигархија, ќе се соочат со безмилосен крај кој ќе ги стави зад решетки овие ѕверови кои ја пијат крвтта на обичните луѓе“, се вели во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

Левица: Економскиот „успех“ на ДПМНЕ е само пропаганда – поскап живот, слаби инвестиции и 1,44 милијарди евра дефицит

Левица: Вработените оставени без здравствено осигурување – полицајците ги чекаат МВР и ФЗОМ да се договорат кој е виновен

Левица со поддршка за струмичките земјоделци

Горан Наумовски

Левица: 25 години Карпалак – 25 години без правда за бранителите

Левица: 50 хектари плодна земја чекаат фабрики што никогаш не дојдоа

Левица: Владата ветуваше олеснување, Македонија остана на американската визна листа