Депонијата во Кичево – сериозна закана за здравјето на жителите

Од:

Кичевската депонија со децении се наоѓа на само десетина метри од најблиската куќа до неа. Ѓубрето од депонија е мошне блиску до реката, па таа често го носи со километри далеку. Блискоста на депонијата до населените места е вистинска закана за здравјето на овие жители.
Жителите на оваа зона се револтирани од институциите, кои не најдоа решение за да ја дисцолицаат депонијата на некое друго место.

kic deponija (2)

„Сме се жалеле и до институциите, но ова не е нешто ново. Сега веќе сме навикнати. Пред неколку месеци го палеа и ѓубрето и тоа беше лошо за целиот град, а да не зборуваме за нас што живееме блиску. Оваа година веќе не го палат, но пак ни пречи лошиот мирис со кој сме соочени секојдневно“, ни изјави жител на зоната каде што се наоѓа депонијата.

„Вие не сте единствените што доаѓат да се интересирате за депонијата. И пред вас дошле многу други, но пак ништо не е решено. Депонијата овде ќе остане и ова нема да се промени, зашто никого не го интересира за нас што живееме овде“, додаде друг жител на населбата.
Директорот на ЈП „Комуналец“ од Кичево, Зенел Јонузи, вели дека е свесен дека ова е многу чувствителна работа, особено ако се има предвид дека околу депонијата постои населено место.

kic deponija (3)

„Проблемот на депонијата во Кичево е проблем наследен со декади. Затоа јас како нов директор не можам да кажам многу во врска со ова. Во соработка со Општина Кичево се трудиме да најдеме решение или, поточно, нов простор за депонијата, бидејќи сме свесни дека пбласта блиску до неа е населена зона и ова е опасно за тие жители и за нивното здравје. Постои можност за друга заедничка депонија со некои други градови, но немаме договор, бидејќи секој град, поради трошоците за транспорт, сака да има депонија поблиску до себе. Засега имаме некои други опции за кои сме дискутирале со Општината, но таа е покомпетентна за ова. Затоа последниот збор ќе ѝ припадне на Општината“, ни изјави Јонузи.

Вјолца Абази од Секторот за урбанизам на Општина Кичево вели дека во моментов се одвиваат систематски дискусии за да се најде можно решение за овој проблем, но сè уште не е донесена конкретна одлука.

Во секој случај, додека не се најде некакво решение, жителите од околните населби на депонијата ќе продолжат и натаму да живеат меѓу ѓубрето и десетината бездомни кучиња, кои ја користат депонијата како извор за храна.

Fatlume Dervishi

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси лихвар од Кичево, кај него се најдени пари и накит

Удрил во две девојчиња во Кичево и избегал, полицијата трага по возачот

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа во Кичево

Момче со автомобил удри во полицаец, повредениот заврши во болница

Земјотрес во Албанија почувствуван во Охрид и во Кичево

Катерина Ѓуровски

Уапсена мајка од Кичево која ја запуштила својата малолетна ќерка