Наутро студено, преку ден сончево и потопло, дожд од вторник

Од:

Времето денеска наутро ќе биде студено, а преку ден сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Во вторник и во среда се очекува дожд првично во западниот дел од државата, а потоа и во останатите делови.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната од 10 до 17 степени.

Во Скопје, ќе биде сончево со мала облачност и со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Како што информираат од УХМР, во вторник по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, а кон крајот на денот најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во среда и во останатите делови ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Утринската температура ќе биде во пораст.

Би можело да ве интересира

УХМР најавува врнежливи денови

Повеќе облаци, малку сонце и дожд попладне

Сончево и топло со температури до 34 степени, најава за пороен дожд попладне

Сончево и топло со температури до 31 степен

Сончево и топло со темепратури до 34 степени, за утре најави за пороен дожд

До крајот на неделата претпладне сончево, попладне дожд и засилен ветер