Драматична сцена се одвивала на плажа во Картагена, Колумбија, каде надзорната камера го снимила моментот кога гром удрил и усмртил млада мајка.
Како што пренесува „Дејли мејл“, мајка од Венецуела Фроиланис Ривас (34) во вторникот била погодена од гром.
Woman struck by #lightning in #Cartagena, #Colombia. pic.twitter.com/H9zZYl6FbA
— TruthForEarth (@TruthForEarth) November 16, 2023
Надзорните снимки кои кружат на X (поранешен Твитер) ја покажуваат трагичната несреќа. Жената веднаш паднала на земја.
На местото на несреќата притрчале неколку луѓе, но не се осмелиле да и пријдат на жената од страв од струен удар.
Болничарите ја однеле несреќната жена во болница. И покрај обидот за реанимација од 45 минути, таа на крајот била прогласена за мртва.
Како причина за смртта е наведен срцев удар.