(ВИДЕО) Јаковлева: Пецаков заминал на егзотично патување, го нема

Од:

Поминаа цели две години откако Пецаков и ДПМНЕ го запоседнаа Охрид, а Пецаков не се одважи да застане пред охриѓани и да даде отчет за сработеното. Пецаков ГО нема. И додека Охрид тоне секој ден, додека се тера интензивна партизаицја на општината градоначалникот од ДПМНЕ, Пецаков го нема, изјави Лионела Јаковлева, членка на ИО на ОО СДСМ Охрид.

-Цела недела Пецаков не е ниту во Охрид ниту во Македонија. Додека расте револтот на охриѓани прашањето е каде е градоначалникот Пецаков? Според информации кои се доставени до нас тој е на егзотично патување заедно со секретарот на општина Охрид, но и други лица од неговиот Кабинет? Кој платил за егзотичното крстарење на Пецаков? Граѓаните на Охрид очекуваат одговори – истакна Јаковлева.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?