Мицкоски од Струмица: Добро е што изборите наредната година ќе се одржат заедно

Од:

Има напредок околу датумот за изборите за наредната година и добро е што изборите ќе бидат заедно, имајќи ја предвид финансиската состојба во земјава. На Ковачевски му требаше да биде охрабрен од Али, Буjар, од Арбен за конечно да ја сфати реалноста. Ја поздравувам таа одлука на коалиционите партнери во Владата и претпоставувам дека деновиве бргу ќе биде и датумот, изјави денеска лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на посетата на Струмица.

Тој додаде дека неговата партија дала еден предлог за датум, доколку би биле редовни, а тоа е 8 мај, вториот круг од претседателските заедно со парламентарните, а на 24 април првиот круг на претседателските избори.

– Доколку пак изборите бидат вонредни цениме дека 14 април со 31 март се добри датуми за одржување на претседателски и парламентарни избори, посочи Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Мицкоски: Оваа Влада испорачува и го прави тоа што го зборува, стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

Мицкоски: Укинувањето на пресудата за Ласкарци е разочарување, но нема да се откажеме од правдата

Мицкоски: Нема да има енергетски шокови оваа зима

(ВИДЕО) Кузеска: „Нула денари“ или 5,5 милиони евра, СДСМ бара целосна сметка од Мицкоски