Муцунски: Обезбедуваме услови за модерен образовен процес во ООУ „Љубен Лапе“

Од:

Унапредувањето на образовниот процес, инвестициите во инфраструктурата и воведување нови содржини за соодветен раст и развој на учениците се високо во приоритетите на Општина Аеродром. Целта и визијата на оваа администрација е Аеродром да биде општина која ги има најдобрите услови за правилен развој на учениците и во која секој ќе може да ги достигне своите потенцијали.

Градоначалникот Тимчо Муцунски и директорката на ООУ „Љубен Лапе“ Фоника Станоева, денеска извршија увид во последните активности кои се спроведоа во ова училиште, а каде со заедничка инвестиција на училиштето и претставник на училишниот одбор, учениците од прво и четврто одделение и нивните наставници добија 6 смарт-системи за презентации, како и пен-таблети за модернизација на образовниот процес и реализација на наставната програма.

При својата посета, градоначалникот Муцунски истакна дека овој вид на инвестиции се еден од приоритетите на општината и дека една од главните задачи на општината ќе биде да се обезбеди подобар образовен процес и еднакви инвестиции во сите училишта на територијата на Аеродром.

ООУ „Љубен Лапе“ е едно од основните училишта во Општина Аеродром каде минатиот период имаше значителни инвестиции. Со последните активности на Општината, училиштето и општествено-одговорни компании и поединци, дечињата денес спортуваат на нови современи терени за фудбал, ракомет и кошарка, посетуваат настава во училиште со целосно реновиран долен кат, а со најновите содржини, ќе бидат во тек со наставата, но и најновите светски и технолошки трендови.

Би можело да ве интересира

Трајановски: Со ваша поддршка кон подобра иднина на Аеродром

А1он

Град Скопје со кривична пријава против Јулијана Спироска, претседателка на Управниот одбор на Комунална Хигиена

Кривична пријава од општина Аеродром за Комунална хигиена

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

Фестивал на улична храна во Аеродром

А1он