Левица: Дали има образовни асистенти за средношколците со попреченост во градот Скопје?

Од:

Откако повеќе родители на деца со попреченост, кои што посетуваат настава во средните училишта во град Скопје се обратија до нас со поплака, дека за нивните деца не е обезбеден образовен асистент, денес за овој проблем, советничката група на Левица во Град Скопје поднесе писмено советничко прашање до градот. Со советничкото прашање бараме градот да ни одговори дали за оваа 2023/24 учебна година се обезбедени образовни асистенти за средношколци со попреченост и колку ученици во моментов имаат образовни асистетнти, прашуваат од Левица.

– Образовните асистенти се од суштинска важност како за самите деца со попреченост, така и за нивните родители и професори. Бидејќи со години наназад нема доволен број на образовни асистенти, а како главен проблем за ова е нискиот надоместок кој асистентите го добиваат за својот ангажман, советничката група на Левица во град Скопје поднесе амандман, кој беше усвоен во Советот и со кој двојно се зголеми овој надоместок. Исто така, проблем е што образовните асистенти за средношколците со попреченост немаат вработување, туку се ангажираат со договор на дело. Затоа апелираме Владата да не одолговлекува повеќе и во најбрз можен рок да го достави до Собранието Законот за средните училишта, во кој се имплементирани системски решенија за овој проблем – тврдат од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Од калкулации до амнезија, Мицкоски го поништи сопствениот став и ноншалантно на граѓаните им ги препушти калкулациите како да се снајдат за преживување

Мојсоска: Скандал со кандидатите за Антикорупциска – „по грешка“ донирала за ДПМНЕ

Горан Наумовски

Левица со Предлог-закон за ограничување на учевството на армијата во странски операции

Левица: Скопје како плен, реваншизам, неспособност и системско уништување под ДПМНЕ и Ѓорѓиевски

Горан Наумовски

Левица: Бараме укинување на Регулаторната комисија за енергетика

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот