Спортска новинарка го преживеала масакрот во Торнто, но не и пукотницата во Колорадо

Од:

На полноќната проекција на филмот „Бетмен“ меѓу настраданите е и спортска новинарка, која само пред еден месец едвај спасила жива глава од маскрот во кандскиот трговски центар, кога вооружен маж уби двајца, а рани шестмина луѓе.

Спортската новинарка Џесика Редфилд, само неколку часа пред да биде убиена, на својот твитер профил се пофалила дека ќе оди да ја гледа полноќната премиера на „Бетмен – витезот на темнината“

Џесика се пофалила дека иако никогаш не мислела дека ќе треба да го убедува своето момче да дојде на премиерата со неа, сепак на крајот успеала да го наговори да и прави друштво.

Последниот твит на на Џесика бил „Филмот почнува за 20 минути“

Оваа трагично погината новинарка, по преживувањето на масакрот во Торонто, напишала на својот блог: „Сега видов колку сум ранлива. Видов ужас на лицата на минувачите. Видов жртви на неразумен злочин. Видов како животите наеднаш се менуваат. Ме потсетија дека не знаеме кога и како ќе заврши нашиот живот на земјата. Кога ќе го земеме последниот здив“.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски