Шпанскиот тенисер Рафаел Надал денеска потврди дека во наредните денови ќе соопшти кога ќе се врати на теренот. Надал последен пат играше на Австралија опен оваа година, а потоа го пропушти остатокот од сезоната поради повреда. Неодамна најави дека ќе се врати на терените. Шпанскиот тенисер денеска на социјалните мрежи објави слика од тренинг.
„Вчера потврдив дека ќе се вратам. Следете ме деновиве кога ќе одлучам со мојот тим каде и кога“, напиша Надал на својот Инстаграм профил.
Надал моментално е на 664. место на АТП листата.