Во името на слободата на говорот и заштита на критичката мисла денеска до Републичкиот судски совет поднесов претставка против судијата Неџат Мемети од Основниот суд Куманово. Неџат Мемети противуставно, противзаконски и против пресудите кои што ги има како пракса и во Република Македонија и во Европскиот суд за човекови права осуди пратеник за јавно искажан збор од собраниска говорница објави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.
– Контекстот во кој живееме денеска го прави овој мој чекор нужен и неопходен. Денеска покрај тоа што не се уважува имунитетот на еден опозициски пратеник, сведоци сме и на осуда на новинари за критичка мисла. Сведоци сме на сериозен извештај со сериозни критики од ЕК токму во делот на правосудството, а сведоци сме на секојдневни пресуди кои што стигнуваат од Европскиот суд за човекови права за противправно постапување на македонските судови. Затоа изрично ќе побараm од Републичкиот судски совет сериозно да ја разгледа оваа претставка и на ваквите судии не им е место во македонските судови. Ако се дрзнал вака да осуди пратеник, може само да се замисли како суди на граѓаните во Република Македонија, рече Петрушевски во изјава пред Судскиот совет.