Трајановски, Мурати и Митрoвски на средба со пензионери

Од:

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски и градоначалниците на Сарај и на Ѓорче Петров, Беќим Мурати и Сокол Митровски, денеска кај езерото Треска има средба со пензионери од Скопје.

– Градот Скопје во изминатите години има остварено одлична соработка со Сојузот на здруженијата на пензионерите на Град Скопје и тоа преку заемно учество во реализација на различни програми и активности кои имаат за цел остварување на поквалитетен живот на пензионерите. Нашата соработка ќе продолжи и натаму, затоа што сите ние им должиме многу на нашите пензионери, истакна градоначалникот Трајановски.

Посочи дека градот контиунирано вложува во реновирање на рекреативните центри. Само во центарот во Катланово во последните три години се вложено 1,5 милиони денари, а за 2014 се планирани уште 1.000.000 денари. Досега реновирано е фоајето на одморалиштето, комплетно се обновени ходниците на двата ката, а од средствата од 2012 година реновирани се бањите во собите на одморалиштето. Во дворот на објектот поставени се клупи и осветлување, а следната година ќе бидат обновени и бетонските патеки околу Рекреативниот центар.

Пензионерите добиваат и групен превоз на дестинации на подрачјето на Скопје и територијата на Македонија, во вкупен износ од 500 илјади денари, а имаат и бесплатен превоз три дена во неделата – вторник, петок и сабота. Градот издвои 26.000 денари за користење на Универзална сала за организирање на јубилејните десетти Републички ревии на песни, музика и игри на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Град Скопје што се одржаа во 2012 година.

Би можело да ве интересира

Притвор за турски државјанин кој со капак од шахта тепаше сограѓанин во Скопје

А1он

Обвинителство: Ja убил партнерката пред петгодишно дете, па сакал да избега

Убиство во Скопје: Си ја уби сопругата, па сакаше да избега во Србија

Горан Наумовски

Во несреќен случај загина возач од Скопје

ОЈО: Гевгеличанец е осомничен за демнење, предложени се мерки за претпазливост

Горан Наумовски

Насилници од Скопје со „бекатонки“ претепале две момчиња