Спасувачите во северна Индија трагаат по затрупаните градежни работници, околу четириесет, по делумно уривање на тунел од автопатот, објавија локалните медиуми. Уривањето на тунел во изградба долг 4,5 километри се случил вчераутро во близина на градот Утаркаши во хималајската држава Утаракханд, објави „Хиндустан тајмс“, повикувајќи се на спасувачи.
More than 50 People trapped inside Tunnel in Uttarkashi
Efforts are being made to supply Oxygen & Food, Hope all get out Safely#Uttarkashi #DelhiPollution #Delhi #DelhiNCR #AQI #HappyDiwali #गोवर्धन_पूजा #GovardhanPuja #Election2023 pic.twitter.com/5dn4FiNtUS
— Dr Jain (@DrJain21) November 13, 2023
„Најмалку 40 работници останаа заробени кога се урна околу 200 метри од тунелот“, рече претставникот на спасувачката служба Дургеш Ратоди.
Дел од тунелот се урнал кога група работници излегувала од градилиштето, а друга група пристигнувала.
Спасувачите се во контакт со затрупаните работници преку воки-токи. Никој од луѓето во тунелот не е повреден.
„Снабдувањето со кислород е обезбедено преку привремени цевки, даваме се од себе и ги правиме сите можни напори. Засега ситуацијата е под контрола и не е опасна по живот“, изјави за Индијан експрес инспекторот за спасување Јагдамба Бијалван.
Landslide In Uttarkashi:
यमुनोत्री NH पर निर्माणाधीन सुरंग में भूस्खलन, 25 से ज्यादा मजदूर फंसे होने की सूचना, रेस्क्यू ऑपरेशन जारी… मजदूरों को टनल से निकालने की हर मुमकिन प्रयास..
UK: रविवार को दिन निकलते ही उत्तराखंड में ब्राह्मखाल-यमुनोत्री राष्ट्रीय राजमार्ग पर… pic.twitter.com/QUyPbjrQgY
— TRUE STORY (@TrueStoryUP) November 12, 2023
Спасувачите испраќаат храна преку цевки, додека со машини копаат премин до работниците кои се оддалечени околу 60 метри од излезот.