СДСМ: Мицкоски или нема познавање или свесно кажува невистини за „Чебрен“

Од:

Христијан Мицкоски или нема познавање или свесно кажува невистини за „Чебрен“. Не е точно дека е избришан член во Одлуката за започнување на постапка за доделување на концеција. Вистината е дека во членот 5 од Одлуката за изменување, избришан е само ставот 3, каде што се доделува Тиквеш 3 месеци по добивање на одобрението. Но останува ставот 2 како правен основ. Оттука, она што го говори Мицкоски веднаш паѓа во вода, велат од СДСМ.

– Затоа, скандал е тоа што Владата на Никола Груевски и ДПМНЕ во 2013 година го доделила Тиквеш на приватниот инвеститор токму 3 месеци по добивање на одобрението за градба на ХЕЦ Чебрен. Додека СДСМ, токму со таа интервенција го внесува Тиквеш во заедничка компанија 3 месеци по пуштање во работа на ХЕЦ Чебрен. Тоа е суштинска и огромна разлика. На овој начин Владата на СДСМ заштедува 100 милиони евра, пари на граѓаните. Односно, токму Владата на ДПМНЕ и Никола Груевски, на кого Мицкоски му беше советник за енергетика, 100 милиони евра сакала да му поклони на приватниот инвеститор. Тоа е директно на штета на државниот интерес и на интересот на граѓаните која што СДСМ ја има спречено. Добро е што Мицкоски индиректно го признава ова, но очекуваме да се извини на граѓаните и да ја каже вистината таква каква што реално е. Впрочем за сето ова постојат докази и документи кои ги доставуваме во прилог на оваа реакција. ДПМНЕ 11 пати објавуваше тендери за Чебрен за реализација и не успеа. СДСМ направи успешна постапка со што овој огромен и значаен проект вреден преку 1 милијарда евра ќе се реализира а ЕСМ ќе биде сопственик од 33% со што парите за инвестицијата треба да ги обезбеди во целост приватниот партнер“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Најостро ја осудуваме навредата на СДС дека народот и граѓаните се „будали”

СДСМ: По дебаклот со раздвојувањето на Албанија и Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги прави граѓаните будали

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Битиќи: Над 75 отсто од граѓаните се за членство во ЕУ, власта да каже која е алтернативата

Горан Наумовски

СДСМ: Орбан се нуди како посредник додека унгарскиот амбасадор гласал да се раздвојат Албанија и Македонија

СДСМ: Албанија ќе биде запад за Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги прекина преговорите со ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија