Пепе е најстариот стрелец во Лигата на шампионите

Од:

Португалскиот фудбалер и дефанзивец Пепе, стана најстариот стрелец во историјата на Лигата на шампионите, откако синоќа го постигна вториот гол во победата на неговиот тим Порто над Антверпен (2:0). Пепе со 40 години и 254 дена стана првиот фудбалер над 40 години кој постигнал гол во Лигата на шампионите.

Досега најстар стрелец беше Франческо Тоти со 38 години и 59 дена.

Пепе на 25 октомври стана најстариот играч (не сметајќи ги голманите) во историјата на Лигата на шампионите.

Најстариот играч во Лигата на шампионите е голманот Марко Балота, кој имаше 43 години и 252 дена кога играше за Лацио против Реал Мадрид во декември 2007 година.

Би можело да ве интересира

Пепе: Ни судеше Аргентинец, можам да се обложам дека Аргентина ќе ја освои титулата

Пепе се врати во Порто

Наум Локоски

Пепе e МВП на финалето на ЕУРО 2016

Емир Латифовиќ