Непознат напаѓач денеска уби двајца полицајци и возач на возило за брза помош во централниот австриски град Анаберг, а потоа се сокрил на еден земјоделски имот, јави ДПА.
Портпаролот на локалната полиција Карл-Хајнц Грундбок, истакна дека веројатно трет полицаец е киднапиран од страна на напаѓачот.
Австриското Министерство за внатрешни работи побара да не се даваат никакви информации во врска со овој случај, со цел да се спречи евентуално информирање на напаѓачот преку медиумите.
Анонимен локален полицаец телефонски соопштил дека специјални единици ја опколиле фармата каде што се крие убиецот.
Некои медиуми објавија дека напаѓачот е 55-годишен крадец, кој почнал да бега откако ја забележал дека полицијата му се приближува, а потоа отворил оган и убил еден припадник на австриската специјална единица „Кобра“, еден полицаец и возач на медицинско возило.