Семејството на Бата Живојиновиќ го чека вторник кога поминуваат три недели, кога според лекарите поминува периодот што се смета за критичен после изливот на крв во мозокот.
Него секој ден го посетува ќерката Јелена која дошла од Куба и секој ден седела со часови покрај него.
„Татко ми е супер. Му се вратија полека сите рефлекси. Сега вежба по малку и почна да ги движи рацете. Сеуште е во критична состојба, но веруваме дека ќе се опорави. Тој е голем борец“, изјави неговата ќерка за српски Блиц.