СДСМ: Поминаа две години ДПМНЕ ја има најнеспособната локална власт

Од:

На половина од мандатот на локалните власти на ДПМНЕ во над 40 општини големо е разочарувањето на граѓаните од неисполнетите изборни ветувања. Резултатот на ДПМНЕ е нула резулати, безброј нереализирани изборни ветувања и поголеми сметки за граѓаните за данок на имот и до 300%, како и за ѓубретарина, вода, комунални услуги, се вели во соопштението од СДСМ.

„Скопје е пример како Мицкоски и ДПМНЕ не го испорачаа она што го ветуваа пред граѓаните. Клучното ветување за бесплатен градски превоз во Скопје е само на хартија, нема ни нови 250 еколошки автобуси, нема ниту модерен еколошки транспорт. Граѓаните се изневерени и од градоначалниците на Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, каде ги нема ветените проекти, но има дополнително задолжување на општините.

Ништо не е подобра состојбата ни во Штип, Битола, Прилеп, Охрид и другите општини раководени од ДПМНЕ. Ништо од ветените проекти во програмите не остварија, едно зборуваа кога бараа гласови од граѓаните, а денеска друго. По две години се потврди дека ДПМНЕ ја има најнеспособната локална власт“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа

СДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со антимон во кривопаланечко Луке

А1он

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Филипче и СДС да расчистат со политичките случувања во другите држави, за да се вратат во реалноста и да почнат да бидат опозиција во Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Проширувањето на ЕУ мора да продолжи, билатерални прашања не смеат да бидат изговор

ВИДЕО: СДСМ поднесе кривична пријава против Мицкоски за рушење на Уставот и кршење на законите

Катерина Ѓуровски