ВМРО-ДПМНЕ: На Онкологија свесно се дозволувал башибозлук за некој да се богати

Од:

Дивото месо го уништува здравството во Македонија. Тоа е канцер мафијата која на сметка на животите на најтешките пациенти, правела милионски бизниси на клиниката за Онкологија. Свесно бил допуштан башибозлук на оваа институција со цел некој да се богати, да се краде на ангро, а граѓаните да бидат оставани без својата терапија и без термини за лекување, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Прво, КАТО системот кој бил набавен во 2016-та требало да ја следи потрошувачката и дозирањето на скапите лекови. Но овој систем бил исфрлен од употреба веднаш по доаѓањето на власта на СДС и ДУИ и истиот бил фрлен во помошна просторија за да фаќа прашина цели 7 години. Логичен е сомнежот е дека тоа е направено за да може да се краде. Софтверското решение овозможува увид на каналот на дистрибуција на лековите и излезот кон одделенијата и истото го немало за на тој начин лековите да завршуваат на црниот пазар.

Во исто време во дневната болница не постоела можност да се евидентира која сестра кој лек на пациент го аплицирала, што пак отвора можност за злоупотреби, неточна и непрецизна евиденција за терапија која чини илјадници евра. Сето ова и многу повеќе е содржано во извештајот од финансиската контрола на клиниката за онкологија. Здравствените власти ова го знаеле но го дозволувале. Оваа состојба не може да постои ако не била аминувана од страна на највисоките функционери во здравството. Ова е организирана шема. Ова е канцер мафија и мора да има одговорност“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

МЗ: Пациентот што почина на Онкологија е донесен во многу тешка состојба

Со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството денеска во Кривичен треба да продолжи случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

Одбраната на Васев и Нухи oбвинети во аферата „Онкологија 2“ тврдат дека се невини и дека случајот против нив е политички монтиран

Васев и Нухи обвинети во аферата „Онкологија“ постапувале во свој личен, но и во интерес на приватни компании, тврди Обвинителството

Во ќелијата на Васев се пронајдени мобилни телефони, тој тврди: „Кај мене не е пронајден и не е одземен мој телефон“

Горан Наумовски

Адвокатот на Васев од случајот „Онкологија“ вели: Повикувањето на вакви сведоци во постапката е нецелисходно