Поранешен агент на ЦИА сексуално злоставувал и дрогирал 20 жени

Од:

Поранешен агент на ЦИА e обвинет за дрогирање и сексуално злоставување на најмалку дваесетина жени. Toj вчера пред судот во Вашингтон се изјасни за виновен за сите обвиненија за сексуална злоупотреба, поради што може да биде осуден на 30 години затвор.

Брајан Џефри Рејмонд (47) чувал речиси 500 видеа и фотографии што ги направил од голи, онесвестени жени, велат обвинителите. Сликите датираат од 2006 година и следат голем дел од кариерата на Рејмонд.

Случајот е срам за ЦИА, која беше на удар на критики во последниве месеци поради честопати таинствено и застарено справување со недоличното однесување во рамките на шпионската агенција.

АП откри дека најмалку дваесетина жени се јавиле да им кажат на властите и на Конгресот за сексуалните напади, несаканите допири и за, како што тврдат, напорите на ЦИА да ги замолчи. ЦИА јавно ги осуди злосторствата на Рејмонд, а директорот на ЦИА, Вилијам Барнс започна серија реформи за да се насочат барањата, да се поддржат жртвите и побрзо да се дисциплинираат оние кои се вклучени во недоличното однесување.

„Како што покажува овој случај, ние сме посветени да работиме со органите за спроведување на законот за да обезбедиме правдата да биде задоволена“, се вели во соопштението на ЦИА.

Би можело да ве интересира

ЦИА тврди: Украинската војска е потценета, украинските сили се борат за траен мир

Горан Наумовски

Директорот на ЦИА потврди дека Трамп ја суспендира разузнавачката помош за Украина

А1он

ЦИА нуди пакети за отпремнини на вработените во согласност со политиките на Трамп

Џон Ретклиф – нов директор на ЦИА

А1он

Зеленски се сретна со директорот на ЦИА во Киев

А1он

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина