Затворената иранската нобелова награда за мир, Наргес Мохамади, денеска започна штрајк со глад во знак на протест затоа што не и е обезбедена здравствена заштита, објави активистичката новинска агенција ХРАНА.
Бранителката на правата на жените ја доби Нобеловата награда на 6 октомври, по што иранските теократски лидери го обвинија Нобеловиот комитет за мешање во иранската политика и политизирање на прашањата за човековите права.
ХРАНА објави дека властите минатата недела не дозволиле 51-годишната жена да биде примена во болница на лекување на срцето и белите дробови бидејќи одбила да ја носи задолжителната марама.
„Мохамади штрајкува со глад во знак на протест против неисполнувањето на нејзините барања од страна на властите, вклучително и одбивањето да се префрли во специјализирана болница“, пренесува ХРАНА.
Мохамади беше апсена повеќе од десетина пати, а ова е нејзин трет престој во иранскиот затвор Евин од 2012 година.
Таа беше осудена на дванаесет години затвор под обвинение за ширење пропаганда против Исламската Република.