Правиме напори да ги вратиме преостанатите наши државјани од Газа, еден не покажува интерес за тоа, изјави Османи

Од:

Министерството за надворешни работи прави напори да ги извлече тројцата македонски државјани кои се уште се во Газа. Станува збор за брачен пар и еден државјанин кој е дел од меѓународните хуманитарни организации во Газа, но тој не покажува интерес да ја напушти Газа, информира денеска ресорниот министер Бујар Османи.

-Безбедносна проценка е на Израел, во Газа и во Египет кои луѓе можат да ја поминат границата, а кои не. Досега имавме дозвола да премине првото семејство на македонски граѓани кое е веќе во Скопје, работиме понатаму да ги убедиме за да може да излезе и брачниот пар. Има уште еден македонски државјанин кој е дел од меѓународните хуманитарни организации, но тој не покажува интерес да ја напушти Газа. Него го контактиравме, но нема интерес затоа што е дел од хуманитарни организации во Газа, рече Османи во одговор на новинарско прашање на денешниот брифинг во СЦ „Борис Трајковски“ каде ќе се одржува Годишната конференција на ОБСЕ.

Нагласи дека моментално е стопирана процедурата за преминување на странски државјани од Газа во Египет.

-Денеска добив информација дека е бомбардиран граничниот премин Рафа и привремено е затворен за преминување од двете страни. Затоа во моментов е стопирана целата процедура за странски државјани да можат да преминат од Газа во Египет, посочи Османи.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 1.000 Палестинци се убиени додека чекале за храна во Газа

Загинаа додека чекаа хуманитарна помош во Газа

А1он

Најмалку 94 Палестинци убиени во Газа во последното деноноќие

А1он

Најмалку 67 деца починаа од глад во Газа

А1он

Седуммина убиени во израелски напад во Појасот Газа

Најмалку 20 луѓе загинаа во израелските напади врз Појасот Газа

А1он