Војната во Украина стигна до точка кога дури и врховниот командант на украинските вооружени сили, генерал Валериј Залужни, призна дека Украина и Русија се во ќорсокак на фронтот.
Дополнително, се отвори нов, досега најсериозен конфликт меѓу претседателот Володимир Зеленски и военото раководство, а Залужни е во центарот на најголемиот удар.
Зеленски не признава дека Украина не може да ги ослободи териториите окупирани од Русија, зошто со тоа би ја изгубил воената помош но и би отворил пат за преговори и откажување од украинските територии. Од друга страна тешко оди со регрутација на нови воени сили, и колку и да не сака да се признае се чувствува веќе заморот од војната.