Неочекувано внимание предизвика една од улиците во полскиот град Лоѓ, каде работниците на патиштата деновиве го обновуваат асфалтот. На коловозот останал автомобил, кој сопственикот и покрај предупредувањето не го отстранил од коловозот, а работниците го обезбедиле, го покриле со најлон и го наполниле со бетон.
Поправката на улицата Легинов помина толку брзо што некои од нив не можеа ни да паркираат“, ја коментираше ситуацијата на социјалната мрежа Икс градоначалничката на Лоѓ, која е инвеститор на изградбата.
Портпаролот на градската управа, Павел Спеховиц, изјави за interia.pl дека „бетонираниот“ автомобил секако привлекува внимание, „но нема ефект врз квалитетот на поправката“.
Remont Legionów nabrał takiego tempa, że niektórzy nie zdążyli nawet przeparkować 😉 pic.twitter.com/uKdA7DM6Na
— Łódź (@Miasto_Lodz) November 3, 2023
Тој појасни дека сопственикот на автомобилот ќе мора да го преземе автомобилот и ќе одговара за сите дејствија што се случиле околу неговото возило.
Во овој контекст, Полјаците зборуваат за „заробен“ автомобил. Тие ја критикуваат градската полиција дека навреме не се вклучила во овој случај и само го казнила возачот на автомобилот.
Наводно, таа не се обидела да го најде сопственикот, првично според табличките, дури ни пред работниците да пристигнат на местото со готов бетон.
Посочуваат дека автомобилот требало да биде преместен од страна на полицијата и дека на сопственикот скапо ќе го чини да го „отстрани“ бетонот.