Во северниот дел на Индија, потрес е почувствуван доцна навечер во петокот за време на земјотресот со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала што го погоди Непал, пишува Тајмс оф Индија.
Земјотресот траел повеќе од една минута, па населението кое живее во зградите се упатило на улица.
Според EMSC, земјотресот во Непал се случил на длабочина од 18 километри.
Засега нема информации за човечки жртви и материјална штета.