Општина Дебар не наплаќа надоместок за јавна чистота, утврдија ревизорите

Од:

Државниот завод за ревизија го објави конечниот извештај за општина Дебар по извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност, на сметката на основен буџет (630), за 2022 година.

-Со извршената ревизија, изразивме неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2022 година и за усогласеност со законската регулатива, упатства и воспоставени политики. Констатирани е дека побарувањата не се реално и објективно прикажани, не е утврдена старосната структура и можноста за нивна наплата, како и не се преземаат дополнителни активности за присилна наплата, стои меѓу другото во извештајот.

Исто така констатирани се слабости во начинот на администрирање, утврдување и наплата на приходите по основ на данокот на имот, дека Советот нема донесена програма за општа туристичка пропаганда и информативна дејност за подобрување на условите за престој, а од страна на општината не се врши надзор над наплатата на таксата за привремен престој.

-Општината не остварува приходи по основ на комунална такса за користење на музика во јавните локали, утврдени се неправилности во начинот и постапката на давање на користење на деловни простории и спортски објекти сопственост на општината, општината не остварува приходи од надоместокот за одржување на јавната чистота и истите ги нема предвидено во буџетот за 2022 година, а советот на општината нема донесено годишна програма за одржување на јавната чистота, се дел од забелешките во ревизорскиот извештај.

Во насока на надминување на утврдените состојби, ревизијата дала препораки со цел преземање на мерки и активности од надлежните лица и органи во функција на подобрување на состојбите.

– Во делот нагласување на прашања за неизвесност и континуитет, ревизијата извести за судските спорови во кои Општина Дебар е странка во постапките. Во делот останати прашања ревизијата ги истакнува системските слабости во законската регулатива и потребата од нивно надминување со цел комплетност и точност на остварените приходи кај општините. Од страна на градоначалникот на Општина Дебар не се добиени забелешки на овластениот државен ревизор, се наведува во ревизорскиот извештај.

Би можело да ве интересира

Ревизорите открија слабости во Агенцијата за нафтени резерви: Седум години невратена позајмица на мазут

60 проценти неисправни возила, огромни долгови и милиони дадени на ангажмани преку агенција – Ревизија во Комунална хигиена

Агенцијата за вработување нерамномерно распределила 23 милиони евра

Прегледи без термин, пропусти во наплатата и слабости во упавувањето со залихите на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија

Во Дебар воведени рестрикции на вода

Нерешен имот, доцнење на инвестиции и спорни вработувања во МЕПСО

Катерина Ѓуровски