Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска распиша вонредни парламентарни избори во Србија за недела, 17 декември 2023 година. Тој рече дека донел указ за распуштање на Народното собрание на Република Србија.
-Почитувани граѓани на Србија, врз основа на член 109 ставови еден и пет од Уставот на Србија и член 21 став еден од Законот за претседателот на Републиката, на образложен предлог на Владата издавам указ за распуштање на Народното собрание на Србија. Под еднен, го распуштам Народното собрание избрано на 3 април 2022 година, а под два оваа уредба влегува во сила со денот на објавувањето во Службен весник – рече Вучиќ.
Како што рече, ја донел одлуката да распише избори за пратеници.
– Распишувам избори за пратеници за 17 декември 2023 година. Роковите почнуваат да течат од денот на влегувањето во сила на одлуката, а стапува на сила од денот на објавувањето во Службен весник – рече Вучиќ.
На граѓаните им посака среќни избори.
– Живееме во времиња тешки за целиот свет, во време на глобални предизвици, војни и конфликти, во време во кое е неопходно сите да бидеме обединети во борбата за зачувување на сите витални и национални интереси на Србија, во време во кое ќе бидеме под бројни притисоци, како поради нашиот однос со Косово и Метохија, така и поради други регионални и светски прашања.
Претседателот на Собранието на Србија, Владимир Орлиќ, претходно денеска распиша локални избори и за 17 декември, кои ќе се одржат во 65 градови и општини во Србија.