ФОТО: 200 нови пластични контејнери

Од:

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, и директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Ракип Дочи, денеска ги промовираа новите  пластични контејнери што се набавени за потребите на  ЈП „Комуналана хигиена“.

– Со цел да се подобри подигањето на отпадот  на територијата на   градот Скопје, се набавени 200 пластични контејнери, со зафатнина од 1,1 м3. 150 контејнери се со зелена боја и зелен капак и се наменети за одлагање комунален отпад, а  50  се со зелена боја и жолт капак и се наменети за одлагање ПЕТ- амбалажа. Со поставувањето на новите контејнери, кои се отпорни на надворешните влијанија и се тешки само 25 килограми, ќе се подобри изгледот на градот и ќе се олесни работата на вработените во ЈП„ Комуналана хигиена“.

Novi plasticni kontejneri (4)

– Во  изминатите години  се набавени и поставени на повеќе локации низ градот и 116  трикоморни мрежести контејнери за селективно собирање отпад, но нашите искуства не се целосно позитивни, бидејќи дел од граѓаните во нив одлагаат неселектиран отпад, а значителен број се и оштетени. Сакам да упатам апел до граѓаните да бидат повнимателни при селектирањето на отпадот и да не ги оштетуваат контејнерите – истакна градоначалникот Трајановски.

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Ракип Дочи, ги информираше присутните дека набавката на новите контејнери е само продолжување на активностите на претпијатието, кое ги следи  трендовите на светските метрополи, но и доказ за грижата за почиста животна средина.

Би можело да ве интересира

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски