Урсула фон дер Лајен пристигна во Скопје

Од:

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ ја пречека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која штотуку пристигна на Меѓународниот аеродром Скопје.

„Добредојде во Скопје за претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, од каде ја започнува турнејата низ Западен Балкан.

Посетата е позитивен сигнал за европската перспектива на регионот и е во клучен момент за нашиот евроинтегративен процес.

Имаме важни прашања кои треба да ги отвориме за реформите и обврските пред завршувањето на скрининг процесот и пред објавата на годишниот Извештај за напредокот за 2023 година.

На утрешниот состанок очекувам корисна и плодна дискусија фокусирана на следните чекори и планови за брз напредок кон полноправно членство во ЕУ“, стои во објавата на Фејсбук профил на вицепремиерот Маричиќ.

Претседателката на Европската комисија денеска ќе се сретне со претседателот на Републиката, Стево Пендаровски, а утре премиерот Димитар Ковачевски со свечена церемонија ќе ја пречека на платото пред Владата, по што ќе следува билатерален состанок на двете делегации и заедничка прес-конференција.

Од Скопје, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја започнува четиридневната турнеја низ државите на Западен Балкан, а пред да продолжи за Приштина заедно со премиерот Ковачевски, вицепремиерот за европски прашања Маричиќ и евроамбасадорот Гир, ќе го посети индустрискиот капацитет „Џанвики ДОО“ за преработка на зеленчук и овошје, најголемиот корисник на ИПАРД програмата во државата.

Би можело да ве интересира

Бугарија ја смени својата „приказна“ за авионот на Урсула фон дер Лајен

ВИДЕО: Мистерија над Бугарија, што навистина се случи со авионот на Урсула фон дер Лајен

Мерц контра Урсула фон дер Лајен: „ЕУ не може да испрати војници во Украина“

Руте: НАТО сериозно го сфаќа попречувањето на GPS сигналот, работиме на тоа да го спречиме

Горан Наумовски

Flightradar тврди дека авионот со Урсула фон дер Лајен не ја загубил навигацијата

(ВИДЕО) Нападнато е и возилото со кое патуваше Урсула фон дер Лајен во Бугарија