Поранешен украински пратеник е ранет и е во тешка состојба

Од:

Олег Царјов, поранешен пратеник на Врховната рада на Украина, е ранет и е во тешка состојба, објави денеска Владимир Рогов, шеф на запорожското движење „Ние сме со Русија“.

Тој на Телеграм напиша дека Царјов бил застрелан, дека е во исклучително тешка состојба и дека лекарите прават се што е во нивна моќ да го спасат.

Рогов не кажа каде се случил нападот.

Царјов беше член на Врховната Рада од 2002 до 2014 година од Партијата на регионите и заменик-шеф на таа партија.

Тој се кандидираше за функцијата претседател на Украина на предвремените избори во 2014 година, но подоцна ја повлече својата кандидатура.

Во 2014 година, тој ги поддржа самопрогласените републики во Донбас и стана претседател на парламентот на Новорусија – сојузот на самопрогласените Доњецка и Луганска народна република.

Украинскиот суд го осуди во отсуство за „повредување на територијалниот интегритет“ на земјата и „обид за уривање на уставниот поредок“ на 12 години затвор, а годинава беше обвинет и за велепредавство.

Би можело да ве интересира

Украина: Поради непријателски напади, некои наши позиции се уништени

Зеленски: Заробивме Севернокорејци, ги испрашуваме во Киев

Украински беспилотни летала погодија две станбени згради во регионот Тамбов, има повредени

Фицо: Словачка ќе и возврати на Украина

Украинa: Подготвени сме да влеземе во ЕУ и НАТО на местото на Унгарија

А1он

(ВИДЕО) Русите тврдат дека освоиле важен град на патот кон Покровск