Русија ги убива своите војници кои се обидуваат да се повлечат во источна Украина, соопшти Белата куќа.
Според Американците, некои од жртвите што Русија ги претрпела кај Авдијевка биле „по наредба на нивните сопствени лидери“.
Руските и украинските војници жестоко се борат за овој град на линијата на фронтот од средината на октомври.
Се верува дека Русија претрпе „значителни“ загуби за време на споменатите борби. Украинските проценки велат дека има 5.000 руски жртви во Авдиjевка, додека САД велат дека Русија изгубила „најмалку“ 125 оклопни возила.
Портпаролот на украинската армија изјави дека руските сили одбиваат да ги нападнат украинските позиции кај Авдијевка поради големите загуби и дека има бунт во некои единици.