На Телеграм објавено дека Путин починал, реагираше Кремљ: Лажни вести

Од:

Каналот на Телеграм General Svr, кој со месеци тврди дека рускиот претседател Владимир Путин има рак и е неизлечиво болен, објави дека Путин починал во својата палата во Валдај, северно од Москва.

На објавената информација реагираше Кремљ. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за РИА Новости изјави дека објавата на Телеграм е „апсурдна шега“.

„Ваквите видови објави спаѓаат во категоријата лажни вести, за кои многу медиуми упорно пишуваат и дискутираат. Тоа предизвикува потсмев во Кремљ“, изјави Песков за РИА Новости.

Претходно оваа недела, Песков ги негираше наводите дека Путин доживеал срцев удар и исто така одговори на извештаите дека рускиот претседател користел двојник за одредени настани.

Профилот на генералот Свр на Телеграм објави дека Путин е мртов и дека во моментов има обид за државен удар во Русија.

„Рускиот претседател Владимир Путин почина вечерва во својата резиденција во Валдај. Во 20:42 часот по московско време лекарите ја прекинаа реанимацијата и констатираа смрт.

Сега лекарите се блокирани во собата со телото на Путин, која ја држат членови на претседателската безбедносна служба по лична наредба на Дмитриј Кочнев (директор на Федералната гарда), кој добива инструкции од секретарот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Николај Патрушев.

Зголемено е обезбедувањето на двојникот на претседателот. Активните преговори се во тек. Секој обид да се претстави доплегенгер како Путин по неговата смрт е државен удар“, се вели во Телеграм.

Би можело да ве интересира

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

Москва не го признава Меѓународниот кривичен суд, реакција по налогот за апсење на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски

„Шпигел“: Путин се заканува со нови напади

Орбан: Западните земји треба многу сериозно да ја сфатат изјавата на Путин за примената на „орешкин“

Путин: Ја погодивме Украина со нова ракета со среден дострел

Горан Наумовски

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп