Познат конзервативен пратеник во британскиот парламент е уапсен под обвинение за силување, открива „The Sun“.
Угледниот политичар – чие име не се соопштува од правни причини – вчера бил сослушан во полиција.
Тој беше сослушан и поради сомнение за поседување недозволени супстанци.
Тоа е последниот удар за Риши Сунак и неговата Конзервативна партија, која е погодена од низа обвинувања.
Нивниот поранешен заменик, Крис Пинчер, беше отпуштен минатата недела откако The Sun откри дека пипкал некого во приватен клуб на Ториевците.
Вчера поранешниот ториевски министер Питер Боун беше суспендиран од Долниот дом на шест недели поради малтретирање и сексуален напад врз член на персоналот.
Тој може да биде разрешен од функцијата пратеник, а доколку 10 отсто од гласачите во неговата изборна единица Велингборо потпишат петиција против него, ќе бидат распишани втори дополнителни избори за неговото место.
Друг пратеник од ториевците во моментов е на кауција поради обвинувањата за сексуална злоупотреба, што тој ги негира.
Последните наводи не се однесуваат на ниту еден од овие тројца мажи, пишува „The Sun“.