ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

Од:

Филип Лазарини, кој ја предводи агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), напиша за Гардијан дека Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата.

„Речиси 600.000 луѓе се засолниле во 150 училишта и други згради на УНРВА. Живеат во нехигиенски услови со ограничени количини чиста вода, малку храна и лекови. Мајките не можат да ги мијат децата. Бремените жени се молат раѓањето да не заврши со компликации бидејќи тие во болници не можат да ги примат“, пишува Лазарини.

„Цели семејства живеат во нашите згради, немаат каде да одат. Но, нашите објекти не се безбедни. 40 згради на УНРВА, вклучувајќи училишта и магацини, беа оштетени во нападите. Многу цивили кои се засолниле таму беа убиени“, додава тој.

Би можело да ве интересира

ОН: 109 Палестинци убиени, 296 ранети во Газа за три дена

Гутереш: Голема офанзива во Рафах ќе доводе до катастрофа

Израелска војска: Ги разгледуваме предлозите за заложници и продолжуваме со операцијата во Газа

Хамас: Предлог за прекин на огнот во три фази

Хамас го прифати мировниот предлог за прекин на огнот во Газа

Израелско воено радио: ИДФ ја започна евакуацијата на палестинските цивили од Рафах