Премиерот Груевски во Загреб на средба со Милановиќ

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денеска во Загреб, во рамки на еднодневната официјална посета на Република Хрватска, беше пречекан од неговиот домаќин, хрватскиот премиер Зоран Милановиќ.

Двајцата премиери, јави известувачот на МИА, во моментов имаат тет-а-тет средба, по што ќе следи пленарниот состанок на делегациите на Република Македонија и Република Хрватска.

Околу пладне предвидени се изјави за медиумите на Груевски и Милановиќ.

Според програмата, попладнево премиерот Никола Груевски ќе има средби со хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ и со претседателот на Собранието на Хрватска Јосип Леко.

Предмет на разговорите ќе бидат можностите за натамошно продлабочување на соработката, пред се на полето на економијата – туризмот, земјоделството, прехранбената индустрија, винарството, градежништвото.

Соговорниците ќе бидат запознаени со можностите за инвестирање во Македонија, при што ќе биде испратена покана сите заинтересирани инвеститори да ја посетат Македонија. Ќе биде реафирмирана нашата заложба за евроинтегративните процеси, со реформите, и мерките што на тој план ги презема нашата држава.

За време на престојот во Загреб, Груевски ќе има средба и со претставници на Заедницата на Македонци во Република Хрватска.

Би можело да ве интересира

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Поранешниот премиер обвинет за поттикнување воена состојба

Премиерот на Романија поднесе оставка

А1он

ДУИ: Владата продолжува со ограничување на употребата на албанскиот јазик

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски