Пуштен во употреба новиот спортски комплекс во Долно Лисиче

Од:

Долно Лисиче доби ново спортско игралиште за фудбал и кошарка и ново детско катче. После долги години, населеното место „Чатал“ има модерен, локален спортски комплекс, кој е заокружување на неколку важни инвестиции во спортот и инфраструктурата во овој дел од општината.

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, претседателот на советот, Дејан Митески и останати претставници на општината и советот го посетија реконструираното и проширено игралиште во Долно Лисиче каде со средства од општинскиот буџет, направена е целосна реконструкција на фудбалското игралиште, поставено е ново осветлување, вештачка трева, реквизити за деца, како и нов терен за кошарка.

Градоначалникот Муцунски при посетата истакна дека радоста на децата е најважна, а инвестициите наменети за нив се високо во приоритетите на општината.

„Да ја вратите насмевка на детските лица и среќата во нивниот живот е една од најубавите и најблагодарните работи кои може да ги направите за своето семејство, својата средина и генерално за целата општината“, истакна тој во обраќање и потенцираше дека енергијата и радоста на дечињата од подрачното училиште „Гоце Делчев“ говори за тоа дека со оваа инвестиција општината направила вистински чекор, креирала катче за рекреација, забава и спорт на младите кои живеат во овој дел од Аеродром.

Би можело да ве интересира

Аеродром, Гостивар и Сарај со В.Д. градоначалници до следните избори, помина Законот за локална самоуправа

Општина Аеродром: Град Скопје и ЈСП го оставија Долно Лисиче без градски превоз

Се нормализира состојбата во Аеродром по вчерашното невреме

Дејан Митески е новиот заменик-градоначалник на Општина Аеродром

Општина Аеродром: Нема бетонизација во Лисиче, ќе се гради една зграда и два парка

СДСМ: Муцунски и ДПМНЕ на шверцерски начин го изгласаа срамниот ДУП за бетонизацијата на Лисиче