Бесими: Од април има реален раст на платите, ефектите од кризите се чувствуваат, предизвиците остануваат

Од:

Од април има реален раст на платите. Ефектите од кризите не ги чувствуваат само нашите граѓани, туку се чувствуваат и во Европа и светот. Предизвиците и понатаму остануваат бидејќи има геополитички движења кои влијаат и врз пазарите, изјави денеска министерот за финансии Фатмир Бесими.

Одговарајќи на новинарски прашања, Бесими рече дека од април платите не растат само номинално, туку реално затоа што инфлацијата се намалува. Она што е поважно, според Бесими, не е само платите реално да растат, туку реалниот раст на платите да биде одржлив.

– Во ниту еден момент не кажавме дека ќе направиме 100 проценти апсорпција на економскиот шок. Македонија беше најпогодена во однос на цените на европскиот пазар и кај нас и ние тој ефект го ублаживме и ќе продолжиме и понатаму. И граѓаните гледаат дека и покрај тоа што се зголемуваат цените, имаше раст на платите и во јавниот и во приватниот сектор гледано во споредба со другите држави, изјави Бесими.

Потсети дека македонската економија е мала и високо интегрирана на европскиот пазар и дека 160 проценти од БДП е трговијата од која 80 проценти е со ЕУ, а над половина е со Германија која годинава е во рецесија.

Би можело да ве интересира

МФ: Новата ПЕР 2024-2026 усвоена од Владата, поставена основа за нашата Реформска агенда за Планот за раст на Западен Балкан

Бесими: Минатата година највисока реализација на капиталните инвестиции

Нема пари во Буџетот за зголемување на платите на функционерите во 2024 година, тврди Бесими

Бесими: Трезорот ќе работи, правата на вработените ќе ги оствариме согласно законите

Бесими: Општествениот консензус можност за „економско чудо на Балканот“

Бесими: Со 560 милиони евра од ЕИБ, ЕБОР, ЕУ и ИПА го заокруживме финансирањето на деценискиот проект за изградба на железницата кон Бугарија