ВИДЕО: На воениот полигонот „Пенуш“ уништени експлозивни средства кои потекнуваат од кривични дела

Од:

На воениот полигон „Пенуш“, Штипско, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Единица за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи при Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам, во текот на вчерашниот ден изврши уништување на различни видови мински и експлозивни направи и материи.

– Овие мински и експлозивни средства пред сѐ се предмети кои потекнуваат од кривични дела, запленети во текот на прегледи или претреси, а по претходно издадени судски наредби. Имено, ова ништење на експлозивни средства на воениот полигон „Пенуш“ беше реализирано во координација со Одделот за специјални полициски операции и СВР Штип со вкупно четири контролирани експлозии, соопштија денеска од МВР.

Би можело да ве интересира

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи