Руската армија се обидува да го пресече главниот пат кон Авдеевка

Од:

Шефот на воената управа на Авдеевка, која е под контрола на Киев, Виталиј Барабаш изјави дека гарнизонот на украинската војска во Авдеевка е во тешка ситуација.

Според него, руските војници ја продолжиле офанзивата во текот на викендот и се обидуваат да ја преземат контролата врз главната рута за снабдување, пишува Украинска правда.

„Ситуацијата со логистиката е многу тешка. Дваесет и два километри патишта до градот постојано се под оган – и дење и ноќе. Следствено, тоа во голема мера ја отежнува евакуацијата и испораката на хуманитарна помош. Целата логистика се одвива на една патека. Се разбира, непријателот се обидува да го пресече патот“, рече Барабас.

Според Барабаш, кога времето е добро, руските дронови Орлан го надгледуваат патот. „Секое движење е сигнал за нив да отворат оган“, рече функционерот.

Би можело да ве интересира

Уништена „Црна вдовица“

Предраг Петровиќ

Шолц му вети на Зеленски продолжување на воената помош

ВИДЕО: Голем пожар во складише за нафта во областа Ростов по украински напад со дронови

ВИДЕО: Нов напад на Киев, остатоци од руски дрон паднаа на детска клиника

ВИДЕО: Русите го изведоа досега најголемиот напад со дронови на Украина, погодија критични цели

ВИДЕО: Жесток руски напад на Киев со дронови

Катерина Ѓуровски