Израел планира да ги зголеми нападите врз Газа почнувајќи од денеска, изјави портпаролот на израелската војска. Најавата доаѓа додека Израел се подготвува за следната фаза од својата војна против Хамас, изјави за новинарите контраадмиралот Даниел Хагари.
„Ќе ги продлабочиме нашите напади за да ги намалиме опасностите за нашите сили во следните фази од војната. Ќе ги интензивираме нашите напади, почнувајќи од денес“, рече тој.
Тој ја повтори наредбата до жителите на градот Газа да се евакуираат на југ заради нивна безбедност.