Легендарниот англиски фудбалер, Боби Чарлтон, почина на 86-годишна возраст, јавуваат англиските медиуми.
„Сер“ Боби Чарлтон ја загуби битката со деменцијата, само една недела откако го прослави својот 86-роденден.
Семејството на поранешниот фудбалер потврди дека Боби починал мирно во саботата наутро.
Чарлтон освои три титули во лигата, ФА Купот и беше европски шампион со Манчестер Јунајтед.
По повод смртта на овој фудбалер се огласи и Манчестер Јунајтед, клубот за кој настапуваше.
– Сер Боби беше херој за милиони луѓе, не само во Манчестер, Обединетото Кралство, туку и ширум светот, се вели во соопштението од клубот.
Многумина го сметаат за најдобриот англиски фудбалер на сите времиња, а во 1966 година ја освои и Златната топка.