Израелските сили неутрализираа ракетни напади од територијата на Либан

Од:

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека во областа Маунт Дов, во пограничната зона во Либан, била погодена локацијата од која биле лансирани ракетите кон Израел.

Израелските медиуми денеска објавија дека од Либан била истрелана и противтенковска ракета врз израелско село во пограничната зона, по што израелските сили одговориле и ги неутрализирале напаѓачите. Во соопштението на ИДФ се додава дека од Либан била истрелана противтенковска наведувана ракета кон областа Маргалиот на северот на Израел, како и дека во втор, одвоен напад, била лансирана уште една ракета од Либан кон областа Ханита.

ИДФ потврди дека израелските војници одговориле со артилериски оган на позицијата од која била лансирана ракетата. Засега нема информации за можни жртви од овие ракетни напади.

Би можело да ве интересира

Десет членови на едно семејство, меѓу кои седум деца, загинаа во израелски напад во Газа

Во израелскиот напад на градот Газа загина најмалку 23 лица

(ВИДЕО) Израел призна вина за убиството на 15 работници на Итната помош во Газа

Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа се искачи на 62

Најмалку 21 Палестинец убиен во денешните израелски напади во Газа

Тројца Палестинци загинаа во воздушен напад