Израел: Ова се трите фази од нашето дејствување во Газа, сега сме во првата

Од:

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант ги претстави акционите планови кои не вклучуваат долгорочна окупација на Газа.

„Ќе има три фази. Сега сме во првата, која е воена кампања која во моментов вклучува напади, а подоцна ќе вклучува и маневрирање. Целта е да се неутрализираат терористите и да се уништи инфраструктурата на Хамас. Втората фаза би вклучувала операции со помал интензитет за искоренување на оперативците на Хамас, а третата би вклучувала повлекување на Израел и воспоставување нова безбедносна реалност за израелските граѓани“, рече Галант.

Најавата на Израел е временски ограничен план за акција во Газа, но тоа не значи дека мисли дека ќе избегне ескалација на конфликтот. Израел нареди евакуација на град во близина на границата со Либан, што значи дека смета на друг фронт.

Би можело да ве интересира

Десет членови на едно семејство, меѓу кои седум деца, загинаа во израелски напад во Газа

Во израелскиот напад на градот Газа загина најмалку 23 лица

(ВИДЕО) Израел призна вина за убиството на 15 работници на Итната помош во Газа

Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа се искачи на 62

Најмалку 21 Палестинец убиен во денешните израелски напади во Газа

Тројца Палестинци загинаа во воздушен напад