Израелски одбранбени сили: Цивилните жртви се неизбежни во урбаните војни

Од:

Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска за Си-Ен-Ен изјави дека иако се обидуваат да избегнат цивилни жртви, тие се неизбежни во урбаната војна.

„Ќе продолжиме да ги минимизираме цивилните жртви, но ќе има и цивилни жртви“, изјави за Си-Ен-Ен, потполковник Питер Лернер.

Тој додаде дека со изгледите за копнена операција, ИДФ и нејзините 300.000 регрути остануваат фокусирани на поразување на Хамас.

„Иако секој одземен живот е трагедија, вистинска трагедија, нашата улога е да се погрижиме Хамас никогаш да не може да ја задржи власта над владата и да шири терор“, рече Лернер.

Лернер, исто така, рече дека Хамас се препушта на „психолошки тероризам“ со стотици заложници кои сè уште се држат и дека ИДФ ќе стори се за да ги врати безбедно во Израел.

Би можело да ве интересира

Десет членови на едно семејство, меѓу кои седум деца, загинаа во израелски напад во Газа

Во израелскиот напад на градот Газа загина најмалку 23 лица

(ВИДЕО) Израел призна вина за убиството на 15 работници на Итната помош во Газа

Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа се искачи на 62

Најмалку 21 Палестинец убиен во денешните израелски напади во Газа

Тројца Палестинци загинаа во воздушен напад