(ВИДЕО) Камиони со залихи на СЗО се движат кон Газа

Од:

Тедрос Аданом Гебрејесус, генерален директор на Светската здравствена организација (СЗО), рече дека камиони со залихи на организацијата, вклучително и лекови за траума и хронични болести и есенцијални лекови, пристигнуваат денеска во Газа.

Американската амбасада претходно соопшти дека граничниот премин Египет-Газа ќе биде отворен утринава за да им се овозможи на странците да си заминат. Конвојот со помош вклучува 20 камиони со лекови, медицинска опрема и ограничено количество храна, соопшти канцеларијата за медиуми на Хамас.

На почетокот на оваа недела, Израел се согласи дека помошта може да биде испратена во Газа по разговорите со американскиот претседател Џо Бајден. Сепак, се вели дека помошта нема да влезе преку Израел – само преку границата со Египет.

Би можело да ве интересира

Најмалку 16 загинати во нов израелски напад во Газа

Горан Наумовски

Најмалку 87 загинати или исчезнати во нападите на Израел на северот на Појасот Газа

Горан Наумовски

ИДФ фрли летоци над Газа со порака „Хамас повеќе нема да владее“ со енклавата

Експерт на ОН предупреди дека обновата на Газа може да потрае 80 години

11 лица загинаа во израелски напад врз куќа во бегалскиот камп Ал Магази

САД се заканија, а Нетанјаху ги зголеми испораките на хуманитарна помош во Газа