Италијанската премиерка Џорџа Мелони ненадејно објави дека се разделува од нејзиниот вонбрачен партнер Андреа Џамбруно.
Познатиот телевизиски новинар Џамбруно, да потсетиме, беше критикуван во последните недели за експлицитни сексистички коментари во и надвор од етерот.
„Мојата врска со Андреа Џамбруно од речиси 10 години завршува тука. Нашите патишта се разделени веќе некое време и време е тоа да го признаеме“, напиша Мелони на своите профили на социјалните мрежи.
Џамбруно е водител на информативната програма Медиасет, телевизија во сопственост на наследниците на покојниот Силвио Берлускони, поранешен премиер и сојузник на Мелони.
Друго шоу на Медиасет емитуваше извадоци од програмата на Џамбруно вон етерот во кои се слуша како тој користи вулгарности и се чини дека флертува со колешка.
„Зошто не те сретнав претходно“, ѝ вели Џамбруни.
La mia relazione con Andrea Giambruno, durata quasi dieci anni, finisce qui. Lo ringrazio per gli anni splendidi che abbiamo trascorso insieme, per le difficoltà che abbiamo attraversato, e per avermi regalato la cosa più importante della mia vita, che è nostra figlia Ginevra.… pic.twitter.com/1IpvfN8MgA
— Giorgia Meloni (@GiorgiaMeloni) October 20, 2023
Во вториот и многу поексплицитен клип, емитуван во четвртокот, Џамбруно може да се слушне како се фали за аферата и им кажува на колешките дека можат да работат за него ако се вклучат во групен секс.
Водителот веќе беше широко критикуван во август дека очигледно ги обвини жртвите по случајот на групно силување.
Мелони по таа епизода изјави дека не треба да и се суди за коментарите на партнерот и дека во иднина нема да одговара на прашања за неговото однесување.
Неодамна, поранешната финска премиерка Сана Марин се разведе по скандалот.