Австриската армија се соочува со серија несреќи, а по превртувањето на тенкот „Леопард“ во кој загина војник, вечерва падна хеликоптер „АБ-212“.
Хеликоптерот паднал во провинцијата Горна Австрија, а шестмината војници, членови на екипажот, успеале да го напуштат леталото, но биле повредени.
– Еден војник е тешко повреден – соопшти армијата.
Во градот Прамет требало да слета хеликоптерот, но се запалил, објави воениот портпарол Мајкл Бауер.
Засега не е јасна точната причина за пожарот и падот на леталото.