Два молотови коктели се фрлени врз еврејска синагога во германската престолнина. Заедницата Кахал Адас Јисроел објави дека нивната синагога во населбата Мите била нападната рано денеска.
„Непознати лица фрлиле два молотови коктели од улица“, објавија тие на X, поранешен Твитер.
Од полицијата го потврдија инцидентот.
„Сите сме шокирани од овој терористички напад“, се вели во соопштението на Централниот совет на Евреите.
Германскиот канцелар Олаф Шолц остро го осуди нападот.
„Никогаш нема да прифатиме напади врз еврејските институции“, рече тој.