Ердоган: Запрете го крвопролевањето во Газа

Од:

Болницата „Ал-Ахли“ во Појасот Газа е бомбардирана, а според првичните информации загинале повеќе од 500 Палестинци. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во оваа прилика го повика целото човештво да го запре крвопролевањето во Газа.

„Напаѓањето на болница во која се наоѓаат жени, деца и невини цивили е најновиот пример на израелски напади лишени од најосновните и основните човечки вредности. Го повикувам целото човештво да преземе мерки за да се запре оваа невидена бруталност и крвопролевање во Газа“, рече Ердоган.

Светската здравствена организација повика на итна заштита на цивилите и здравствените работници во Појасот Газа по нападот на болницата.

„Болницата беше оперативна, во неа беа сместени пациенти, здравствени работници и старатели. Претходните извештаи укажуваа на стотици смртни случаи и повредени“, се вели во соопштението на здравствената агенција на ОН.

Болницата е една од дваесетте во северниот дел на Појасот Газа кои се соочуваат со наредби за евакуација.

Би можело да ве интересира

Израел ја бомбардираше Газа, тензиите растат на границата со Либан

Хамас: Никој не знае колку израелски заложници се уште се живи

Саливан: Израел го поддржува предлогот за прекин на огнот, целта е да се премости јазот со Хамас

Израел: Хамас го отфрли предлогот за примирје

ИДФ погоди 35 цели низ Газа, командантот на групата Хамас загина во борбите

Најмалку 274 Палестинци биле убиени во саботната израелска воена операција

Горан Наумовски