Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека е невозможно да се потиснат руските интереси и дека тие ќе мора да се земат предвид.
Вака Путин реагираше на изјавата на американскиот претседател Џозеф Бајден дека неговиот план е да ја обедини цела Европа и да го потисне Путин, за да „не може повеќе да прави проблеми“.
Според Путин, желбата да се потисне некого покажува дека Вашингтон има уште многу да научи, пренесува Вести.ру.